Menu
Your Cart

Добиј 5% попуст за првата нарачка! Внеси го купонот: zoomaxi5 

IMMUNOCAN - ПРОБИОТСКИ ДОДАТОК ВО ИСХРАНАТА НА КУЧИЊА И МАЧКИ

ПРЕБИОТСКО-ПРОБИОТСКИ ДОДАТОК ВО ИСХРАНАТА НА КУЧИЊА И МАЧКИ

(за јак имунолошки систем и здрав дигестивен тракт)


IMMUNOCAN-от е препарат конципиран со својата формула и избалансирана комбинација и однос на пребиотици и пробиотици (синбиотик) да ги поддржи имунолошките и гастроинтестинални функции и севкупниот здравствен статус на кучињата и мачките. 1,3-1,6 Beta-D-glukan е единствен природен полисахарид и се смета за најак природен активатор и стимулатор на имунолошкиот систем. Добиен е од надворешни делови на клеточниот sид од пивскиот квасец (100% Saccharomyces cerevisiae). 1,3-1,6 Beta-D-glukan во организамот ги активира главните клетки (makrofagi) на имунолошкиот систем, се врзуваат за рецепторите на макрофагите и овозможуваат да делуваат побрзо во препознавање и уништување на штетните патогени микроорганизми, причинителите на болеста (бактерии, вируси, габички итн.). Исто така влијаат на стварањето на поголем број на тие клетки како и стварање на низа помошни супстанци што резултираат за побрз доток на нови имуноцити во крвотокот и различните органи во целиот организам на кучињата и мачките. Mannan oligosaharid (MOS)-пребиотик го потикнува развојот и опстанокот на корисните бактерии во дигестивниот тракт. MOS ги блокира и имобилизира патогените бактерии (Escherichia coli i Salmonella) и токсини, врзувајќи ги за себе, со што го оневозможува нивното размножување како и било какво нивно штетно влијание. Inulin (FOS)-пребиотик претставува храна на корисните бактерии во дигестивниот тракт. Inulin (FOS) се растворливи влакна кои се раствораат во цревата под дејство на ензимите кои ги ствараат корисните бактерии во таа средина, го стимулираат нивниот раст (Lactobacillus bacteria), а вооедно го инхибираат растот на штетните бактерии.

IMMUNOCAN-от содржи два соја на корисни бактерии пробиотици (Bacillus licheniformis i Bacillus subtilis), го зголемува нивниот број во дигестивниот тракт, одржува баланс и ја нормализира цревната флора.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
Лош Добар