Menu
Your Cart

Добиј 5% попуст за првата нарачка! Внеси го купонот: zoomaxi5 

Услови и правила

Услови и правила за купување

Термини и услови

Оваа интернет страна, со домеин www.zoomaxi.mk, во сопственост на ЗООМАКСИ ДООЕЛ ПРИЛЕП  со седиште на ул. Ладо Лапецот бр.86А 7500 Прилеп е сервис создаден за корисниците со цел да овозможи пребарување, споредба  и/или купување на производи. Како посетител и корисник, Ви даваме до знаење дека употребата на содржините на страната, како и направените трансакции, се предмет на одредени услови и правила, за што Ве замолуваме пред користење на страната www.zoomaxi.mk, внимателно да ги прочитате. Zoomaxi не превзема никаква одговорност доколку корисникот ги нема прочитано условите и правилата за користење и купување.

Општи услови

Со самата посета или купување преку нашата интернет страна, потребно е да се согласите со условите наведени подолу, чие право на промена во зависност од условите и потребите е задржано без претходно известување на корисниците на сајтот. ЗООМАКСИ ДООЕЛ -Прилеп не превзема одговорност доколку корисникот на сајтот не ги прочитал јавно достапните информации и услови од овој сајт. Ако не се согласувате со Општите услови на оваа страна, едноставно не ја користете.

 Превземањето на информации, податоци и слики, нивна дистрибуција, пренос или користење на линкови од овој сајт е забрането. Употребата на истите е можна само за некомерцијални цели и лична употреба надвор од дозволеноста за било каква злоупотребата на податоците и опциите кои ги нуди оваа страна. Споделените информации од оваа страна имаат информативен карактер. Секогаш ќе се залагаме за точност на информациите, но можни се отстапувања и пропусти во информирањето, во зависност од изворот на информациите.
За сите производи ќе се потрудиме да имате достапна фотографија, како илустрација за изгледот и формата на производот.

Zoomaxi  го задржува правото да објавува називи, модели и други информации за производот на англиски јазик, кога:

·        Постои ризик од губење на битни информации при преводот

·        Нема иста или слична терминологија на македонски јазик

Како би ги задоволиле Вашите потреби и барања, ЗООМАКСИ ДООЕЛ -Прилеп ќе се залага за достапност на својата интернет страна 24 часа во денот. Во случај на привремена недостапност односно прекин на пристапот до интернет страната поради технички или надворешни влијанија надвор од контролата на ЗООМАКСИ ДООЕЛ -Прилеп, не можеме да превземеме никаква одговорност и да Ви гарантираме постојан пристап.

 

Политика за приватност

 

Заштитата и безбедноста на податоците на корисниците на онлајн набавка на веб-порталот www.zoomaxi.mk се една од приоритетните задачи на нашата компанија.

Оваа политика за приватност објаснува кои податоци ги собира Zoomaxi за време на вашата посета на нашите веб-страници и како тие се користат.

 

 

Собирање и обработка на лични податоци

 

За системска заштита, секогаш кога ќе ja посетите нашata веб-странa, нашиот веб-сервер привремено го регистрира вашиот домен и IP адреса на работната станица, заедно со некои други технички податоци во врска со сесијата. посети на веб-страница. Исто така, во одредени случаи ќе напишеме информации во форма на „Колачиња“ на вашиот компјутер, со цел да ја прилагодиме посетата на веб-страниците според вашите потреби и навики. „Колачињата“ се мали датотеки што се внесуваат во компјутер на корисникот од веб-сервер. Сите информации зачувани во „Колачињата“ можат да се користат само за потребите на веб-услугата Zoomaxi, на начин на кој вашата приватност нема да биде загрозена. За време на вашата посета на веб-страниците на Zoomaxi, ние нема да собираме лични информации, освен во случаи кога доброволно ги доставувате овие информации, на пример, преку е-нарачки, анкети, игри за награди или барања за информации. Личните податоци собрани за време на вашата посета на веб-страницата се обработени во согласност со позитивните регулативи на Република Македонија. Македонија. Податоците поврзани со вашата картичка или вашата банкарска сметка се испраќаат директно до банката преку шифрирана врска. Zoomaxi ниту собира ниту има пристап до информации поврзани со вашата картичка или вашата банкарска сметка.

 

 

Користење и пренесување на лични податоци

 

Ние ќе ги користиме вашите лични податоци само за техничка администрација на веб-страниците и за задоволување на вашите потреби и желби. Вашите лични податоци ќе се користат за обработка и директен маркетинг само врз основа на вашата експресна согласност и само во обемот потребен за секој поединечен случај. Податоците нема да бидат пренесени до државните органи, освен во случаи утврдени со закон. Сите наши вработени се должни да ги чуваат и да се однесуваат со вашите податоци како доверливи информации. Zoomaxi на вашето писмено барање ќе ви овозможи увид во сите ваши лични податоци што се достапни (име, адреса, итн.).

 

 

Доверливост

 

Zoomaxi ги презеде сите пропишани технички и организациони мерки за заштита на личните податоци што ги имаме на располагање, со цел да се спречи неовластен пристап и злоупотреба. Нашите безбедносни процедури се предмет на редовно набудување и рефлексија на најновите технолошки достигнувања во оваа област.

 

 

Контакт

 

Доколку сакате вашите податоци да бидат корегирани или избришани, или да имате какви било прашања или предлози за заштита на лични податоци, можете да не контактирате на е-пошта на service@zoomaxi.mk. Притоа, вашата адреса за е-пошта нема да се користи за друга намена.

 

Услови и правила за купување

 

Цените на сите производи на www.zoomaxi.mk се изразени во денари со вклучен ДДВ.

Zoomaxi го задржува правото за промена на цените, во согласност со политиката на компанијата, без известување за корисниците. Корекција на цената нема да биде извршена ако нарачката е прифатена. Купувачот се обврзува да ја плати цената, која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно од фактот што цената може да биде променета во меѓувреме.

Купувачот може да избере еден или повеќе производи, како и пакет на производи од понудата на Zoomaxi. Купувачот може да ја откаже, дополни или корегира нарачката во било кое време, пред да го реализира плаќањето. Регистрирањето не е задолжително за реализацијата на нарачката, но при нарачката, задолжителни се податоците за контакт, како и адреса за испорака. По завршувањето на нарачката ќе Ви биде испратен e-mail на адресата која ја имате наведено, за потврда на нарачката. При евентуални технички проблеми со интернет страната, Zoomaxi има право да ја одбие нарачката или да го прекине процесот на купување, и не сме обврзани да извршиме никакво обесштетување, освен враќање на уплатените средства од страна на купувачот.

Подршка на корисници

За било какви информации и прашања во врска со реализацијата на интернет продажба може да се јавите на телефонот 075 306 306 кој е достапен во периодот од 09:00 часот до 21:00 часот или да не комуницирате 24/7 преку нашиот e-mail service@zoomaxi.mk

Политика на испорака на производи

Купувањето преку нашата интернет страница може да ја реализирате од било кој град од Македонија. Сите производи ќе Ви бидат доставени до Карго Експрес во вашиот град или на адресата за испорака која задолжително треба да ја доставите при креирање на нарачката. Можете и да ги изненадите Вашите блиски и да побарате достава на нивна адреса, при тоа наведувајќи ја нивната адреса како адреса за испорака. 

Цената на испораката изнесува 100 ден, со вклучен ДДВ од 18%.

Периодот за испорака е во зависност од локацијата за испорака. Предвидено време за испорака е 48 часа од моментот на нарачката . Во согласност со нашите можности, призводот ќе Ви биде доставен во најкус можен рок. Zoomaxi го задржува правото да го продолжи рокот на испорака во претходен договор со купувачот. Испораката се врши преку нашата соработка со Карго Експрес.

Пред испораката на производот купувачот ќе биде телефонски контактиран, на телефонскиот број оставен за контакт, за потврдување на датумот и времето на испораката.

Доколку нарачката е направена по 17 часот, истата ќе биде проверена од наша страна наредниот работен ден, и откако ќе се добие потврда за успешната трансакција, започнува да тече периодот за испорака. Доколку нарачката е направена во петок по 16 часот, сабота, недела или во неработен ден, оваа процедура започнува од првиот нареден работен ден. Во рокот на испорака не се пресметуваат викендите и неработните денови.

Доколку производот е испорачан оштетен, или одреден производ недостасува од нарачката, купувачот треба да не информира веднаш, како би превземале мерки за отстранување на ненамерната грешка. Во овој случај, трошоците за замена на производот нема да бидат на товар на купувачот.

Доколку има доцнење на испораката од страна на компанијата која е ангажирана за извршување на испораката, Zoomaxi не може да превземе никаква одговорност.

Враќање и замена на производи

Купувачот има право да врати купен производ во период од 7 дена од датумот на испорака, под услов производот кој се враќа да е во иста физичка состојба во која е испорачан, неотпакуван и неупотребуван, со сите етикети и ознаки кои ги имал при приемот. Средствата ќе ви бидат вратени на истата банкарска сметка која сте ја користеле при плаќање на производот. Според Законот за заштита на потрошувачите, купувачот има право да го замени производот што има соодветен квалитет, а што не одговара во однос на формата, големината, моделот, бојата или бројот. Потрошувачот правото може да го оствари во рок од 15 дена од денот кога производот е купен. Замена на производот со соодветен квалитет се врши ако производот не бил употребуван, ако е сочуван изгледот на производот, употребните својства, пломбите, фабричките етикети, како и фискалната сметка или Фактура-испратница кои на потрошувачот му биле издадени заедно со производот. Ако во моментот на поднесувањето на барањето од потрошувачот трговецот нема соодветен производ (производ што ќе одговара на неговите потреби), потрошувачот има право по свој избор да бара да го раскине договорот и да бара враќање на платениот паричен износ.

КУПУВАЧОТ Е ЗАПОЗНАЕН И СОГЛАСЕН СО УСЛОВИТЕ И ПРАВИЛАТА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ИНТЕРНЕТ СТРАНАТА НА Zoomaxi, И СЕ ОБВРЗУВА ДА ГИ ПОЧИТУВА ВО ЦЕЛОСТ.